Одбојкарите на Вардар ќе бидат дел од силниот турнир што утре ќе стартува во Ниш. „Црвено-црните“ по првиот дел од подготовките што беа одработени во Скопје, патуваат за Србија каде ќе одиграат неколку силни контролни натпревари, на турнирот на кој ќе учествуваат екипите на Војводина, Рибница од Краљево и Ниш.

Согласно здравствените протоколи, „црвено-црните“ беа тестирани на Ковид 19 пред патувањето за Србија, по што сите тестови биле негативни.

Вардар е во исчекување на противникот во првата рунда од Челинџ-купот на ЦЕВ, на ждрепката што ќе биде извршена утре со почеток во 16.00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.