Виктор Петков, македонскиот репрезентативец по трките во финалeто во велеслалом на Светското првенство во Кортина Д’Ампецо, го освои 36 тото место. Дваесетиедно годишниот Петков на своето трето учество на светските првенства успеа да се пласира во втората трка на велеслаломот, откако првата трка ја извози за време од 1:30.27 со што го освои 51. место. Тој доцнеше 12.72 секунди зад првопласираниот французинот Алексис Пантуро.

Во втората трка извозе со време 3:01.32. Со овој резултат, годинава тој е најдобро пласираниот македонски
натпреварувач и чекори кон освојувањето на олимписката норма и настап на зимските олимписки игри во Кина.

Петков утре ќе вози во квалификациската трка во слалом заедно со уште тројца македонски скијачи: Дардан Дехари, Влатко Анастасоски и Мирко Лазарески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.