Швајцарската тениска легенда Рожер Федерер, откри дека планира да учествува на олимпискиот турнир во Токио следната година.
Федерер играше демонстративен натпревар против Џон Изнер во главниот град на Јапонија, и на Јапонците им порача дека ќе се видат и следната година, на Летните олимписки игри.
– Со мојот тим, веќе неколку недели размислувавме на оваа тема. Требаше да се одлучи што да правам во периодот по Вимблдон, а пред УС Опен. Моето срце избра да играм на олимпискиот турнир, вели Федерер.
Златен медал од ЛОИ е единствениор кој недостасува во колекцијата трофеи на Федерер. Во 2004 година, тој на ЛОИ ја запозна својата сопруга, во 2008 освои злато, но во двојки со Вавринка, во Лондон 2012 загуби во финалето, а не настапи во Рио 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.