Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова настапот на Олимписките игри во Токио го заврши на 40. место од вкупно 52 пливачки на 100 метри слободно. Таа беше најдобра во втората квалификациска група и исплива за 57.19 секунди, што е за шест стотинки послабо од нејзиното најдобро време.

Нашата најмлада олимпијка не успеја да стигне до полуфиналето каде се пласираа првите 16 од квалификациите.

Австралијанка Ема Мекион постави нов олимписки рекорд во квалификациите, откако исплива со време 52.13 секунди.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.