Еден од најдобрите спринтер на сите времиња и неколкукратен олимписки победник, Усеин Болт и неговата партнерка Каси Бенет објавија дека станале родители на близнаци. Како што соопштија, тие добиле две момчиња – Тандер Болт и Сент Лео Болт.
Атлетичарот од Јамајка ја објави среќната вест на социјалните мрежи, со семејна фотографија, токму на Денот на таткото, дополнета и со нивната ќерка Олимпија Лајтнинг, која се роди во мај 2020 година.
И Каси имаше своја објава со којашто му го честиташе празникот на „новопечениот“ татко.
Усеин Болт (34), сопственик на осум златни медали од Олимписките игри во 2008, 2012 и 2016 година, нема да учествува на Игрите во Токио, бидејќи во 2017 година се повлече од трчањето.
Тој сè уште ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри и е единствениот спортист кој освоил злато во двете дисциплини на три последователни Олимпијади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.