Ниту најбрзиот човек на светот, Усеин Болт (34) од Јамајка, не му „побегна“ на корона вирусот.
Поранешната атлетска суперeрѕвезда е позитивен на корона вирусот, јавуваат јамајканските медиуми. Засега не е јасно дали има симптоми, но следните две недели ќе ги помине во самоизолација.
Пред неколку дена во родната Јамајка, Болт го прослави својот 34 роденден со забава со изненадуваања организирана од неговата долгогодишна партнерка Каси Бенет.
На роденденската забава присуствувале голем број познати личности како што се англиската фудбалска ѕвезда Рахим Стерлинг од Манчестер Сити и напаѓачот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.
По се изгледа се заразил на забавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.