Скинатите шорцеви за пливање го спречија Унгарецот Криштоф Милак да постигне нов светски рекорд во пливачката дисциплина 200 метри пеперутка, но не и да дојде до олимпискиот златен медал.

Унгарскиот пливач дојде до златото со нов олимписки рекорд (1:51.25), што беше само пет десетинки послабо од светскиот рекорд (1:50.73), што е веќе во негова сопственост.

На подиумот, покрај неверојатниот Унгарец, се најдоа Јапонецот Томору Хонда (1:53.73) и Италијанецот Федерико Бурдисо (1:54.45).

Изгубив толку енергија и сила за да ги наместам шорцевите за капење, што не можев да го соборам светскиот рекорд. Тоа ме деконцентрираше. Ми се скинаа уште при скокот на стартот. Сепак, не сум разочаран. Сега ќе се обидам да дојдам до следното злато. Следен предизвик ми е 100 метри пеперутка и се надевам дека ќе можам да повторам – изјави олимпискиот шампион.

Во трката на 100 метри пепурутка, Милак ќе има сериозен предизвик, со оглед на тоа што противник ќе му биде фаворизираниот Американец, Кејлеб Дресел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.