На лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје денес и утре ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Скопје он ајс“ (Skopje on Ice).
Пријавени се 55 натпреварувачи, кои ќе бидат поделени во 10 категории, од кои осум во женска и две во машка конкуренција.
Покрај македонските, ќе учествуваат лизгачи од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Организатор на „SСкопје он ајс“ е Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.
Почетокот на „Скопје он ајс“ е вечерва во 19 часот со настап на четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни.
Настанот ќе се одржува на отворено и во согласност со сите протоколи за заштита од корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.