Бизнисменот Трифун Костовски во целост ќе го подмири лекувањето на Драган Мутибариќ и ќе му овозможи рехабилитација во Негорски бањи, која ќе биде подмирена од негова страна, пренесува „Мак спорт“.
Eдeн од легендите на македонскиот спорт, Драган Мутибариќ (75), незаборавниот голман на Вардар, деновиве се соочува со најтешките моменти во својот живот. Некогашниот репрезентативец и идол на многу генерации неодамна имаше мозочен удар по што остана неподвижен, врзан за постела.
Мутибариќ, како заслужен спортист, седум години по ред аплицирал за еднократна финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт, но досега не ја добил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.