Набргу по поразот од Ентони Џошуа, Кубрат Пулев откри тајна што ја чуваше за време на неговиот тренинг камп за борбата со шампионот – Бугаринот бил заразен со коронавирус еден месец пред мечот – во еден од најважните моменти за неговите подготовки.
Тој немаше компликации, но мораше да престане со сите вежби и спаринзи во клучниот момент од кампот.
Бев со коронавирус и три недели без тренинг. Не се оправдувам – јас сум виновен. Не сакав никој да разбере. Таква е ситуацијата. Сега сум добро, сè е одлично – изјави Пулев за БТВ.
Стана јасно дека тренерот на Пулев, Ули Вегнер, исто така има коронавирус, но тој имаше компликации и затоа не можеше да патува со него и да биде во аголот на Бугаринот во Лондон.
Битката меѓу Џошуа и Пулев заврши во 9-та рунда со нокаут по серијата аперкати на Џошуа кои завршија со брутална десница.
Следната битка за Англичанецот е против сонародникот Тајсон Фјури.
За Пулев се уште не се објавени никакви идни планови, дури по битката изјави дека сака тешки предизвици и им се заблагодарува на сите за поддршката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.