Тренерот на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски, Дарко Костовски, изјави дека ветувањата пред заминувањето за Токио не биле залудни и дека што го ветиле, Дејан го оствари.

Ние ветивме медал од Токио, верувавме во тоа, ветивме златен медал, но за многу малку не го освоивме и донесовме сребрен медал. Но бидете сигурни дека дека ветуваме оти од Париз ќе донесеме најмалку еден златен медал. Дејан го скрши мразот – изјави човекот кој го тренира Дејан од самиот почеток.

Како што истакна Костовски, неговиот оптимизам се темели на успесите кои ги остваруваат и останатите таеквондисти од таеквондо клубот Бутел.

Анамарија Георгиевска има исто презиме како и Дејан и случајно таа му е сестра. Таа е третотпласирана од Светско првенство. Тука е и Коки Георгиевски кој случајно му е брат на Дејан и тој е балкански шампион и заедно со Анамарија се кандидати за Игрите во Париз. Сите тројца се шампиони. Марко исто така е балкански шампион, а тука е еден од најзаслужните за медалот на Дејан, спаринг партнерот. Филип Додевски го освои бронзениот медал на ЕП со 21 година и има златен медал од европско клупско првенство и доколку не беше повредата, сигурно и тој ќе обезбедеше пласман на Игрите во Токио. За Игрите во Париз ветуваме уште поголеми резултати – изјави Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.