Голема трагедија се случи во Ел Салвадор, откако сурферката Кетрин Дијаз (22) ја погоди гром на плажата „Ел Тунко“, а потоа почина како резултат на ударот.
Сè се случило набргу откако влегла во водата. Ја удрил гром, а иако брзата помош пристигнала брзо, сепак Кетрин починала на плажата.
Кетрин се подготвувала за Светските игри во сурфање во Ел Салвадор. Ова натпреварување (29.05 – 6.06) беше воедно квалификации за Олимписките игри. Сурфањето ќе дебитира во Токио како нов спорт на Игрите.
Големата спортистка, која ја претставуваше нашата земја, нè напушти. Се гледаме наскоро, голем воину. Жали Ел Салвадор, напиша Федерацијата за сурфање на Ел Салвадор.
Olympic surfing hopeful Katherine Diaz killed by lightning while training https://t.co/zU1nI8Yko3
— Guardian news (@guardiannews) March 21, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.