Маж почина на Балканското првенство во полумаратон, кое по петти пат се одржуваше во Загреб, Хрватска. Како што пренесуваат тамошните медиуми, еден од тркачите падна непосредно пред целта и почина.

Лекарите од Брзата помош се обидоа со реанимација да го вратат во живот, но не успеале.

Според „Спортске новости“ станува збор за 43-годишен рекреативен тркач кој меѓу последните ги завршуваше трките и не беше член на ниту еден клуб.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.