Голема трагедија се случи вчера на натпреварот меѓу Баерн Минхен и Падерборн. На трибините на стадионот „Алијанц Арена“ почина 14-месечно девојче.

Родителите го донеле девојчето да го гледа својот вујко Стерлиј Мамба, играч на Падерборн. Но во еден момент на девојчето му се слошило, реагирала и медицинска екипа, но напорите да се спаси беа безуспешни.

Баерн Минхен изрази сочуство до семејството и сите се длабоко потресени за она што се случило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.