Пред 16 години се случи трагедија која го одбележа животот и кариерата на славниот швајцарски тенисер Роџер Федерер.
На спомен на неговиот трагично починат тренер Питер Картер, Роџер Федерер ни после толку години не може да ги запре солзите.
Прославениот Швајцарец во кариерата освоил 20 Гренд Слем титули и многумина го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња. Федерер постојано истакнува дека за неговиот успех, најзаслужен е токму Питер. Овој Австралијанец ја обликувал кариерата на Швајцарецот уште на старт. Тој е најзаслужен што од Роџер од нервозно и несигурно момче станало непобедива машина. За бекхендот на кој му се восхитува тенискиот свет заслужен е токму Картер. Тој го наговорил Роџер наместо дворачниот да игра еднорачен.
За жал, нивната соработка е прекината на самото искачување на Федерер кон врвот, со сообраќајна несреќа која многу го потресла Федерер во 2002 година.
Жената на Картер Силвија долго се борела со рак, а кога го победила, сопругот сакал тоа да го прослават на посебен начин. Решиле да одат на едно романтично патување, а Федерер им помагал во изборот. Ја препорачал Јужноафриканската Република. Парот тргнал во обиколка на националниот парк во Јоханерсбург и тогаш се случила трагедија. Нивниот џип ја пробил оградата на мостот и паднал во река, при што Картер загинал.
Пред старт на првиот Грен слем во сезоната, Австарлијан Оупен, дал интервју за Си-ен-ен во кое се присетил на Картер.
Питер беше многу силна личност во мојот живот, тој ме научи на се, поради него бев играч каков што сум сега. Колку само ми фали…Се надевам дека би бил горд на се што постигнав – рекол дека Федерер и заплакал пред камерите.
Тој додал дека неговиот тренер не сакал да остане неостварен талент.
Кога умре, тоа за мене беше повик, почнав да тренирам повеќе и повеќе – открил Федерер.
Roger Federer's inspirational former coach died in a car crash on his honeymoon in 2002.
Nearly two decades on, Federer still gets emotional when he talks about Peter Carter.
Our exclusive interview: https://t.co/AJM6UXgt6H pic.twitter.com/g9aiylaKy8
— CNN Sport (@cnnsport) January 7, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.