Тимот на Тампа Беј ноќеска го победи Канзас сити со 31:9 и го освои Супербоулот во 2021 година. Ова е втор трофеј за Тампа во НФЛ лигата. Првиот го има освоено во 2003 година.

За најдобар играч на натпреварот е прогласен 43-годишниот Том Брејди кој стигна до седмиот трофеј во кариерата и прв со Тампа. Претходно тој стана шампион во НФЛ шест пати со Њу Ингланд петриотс (во 2002, 2004, 2005, 2015, 2017, 2019).

Во финалето Брејди забележа 21 асистенција од 29 за 201 јард и три тачдауни. Ова е петта МВП награда за Брејди во Супербоул во неговата кариера.

За време на паузата на мечот на Флорида, настапи славниот канадскиот пејач „The Weeknd“.

Поради пандемијата на коронавирус, еден од главните спортски настани во САД можеше да го посетат само 25 илјади луѓе, односно една третина од капацитетот на арената „Рејмонд Џејмс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.