Српскиот тенисер Виктор Троицки и неговата бремена сопруга Александра се позитивни на тестот за коронавирус, соопшти организаторот на Адрија Тур.
Вистина е, јас и сопругата сме позитивни на вирусот. Таа се тестираше во петокот, а јас и ќерката во неделата откако дознавме дека е позитивна сопругата. Мојата ќерка не е позитивна, само јас и сопругата, им потврдси Троицки на медиумите.
Тој е трет тенисер по Григор Димитров и Борна Чориќ, кои учествуваа на на „Адрија турнејата“ и кои имаат корона вирус.
Организаторот на турнирот, и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се врати во Белград, каде што веднаш му беше направен тест на ковид -19, а српските медиуми јавувааат дека тој ќе се обрати на јавноста, откако целата организација на тениските турнири беше нападната како неодговорна и небезбедна.
Доминик Тим, Марин Чилиќ, Александер Зверев и Андреј Рубљев претходно објавија дека се тестирале и дека се негативни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.