Францускиот тенисер Елиот Бенхетрит се најде на удар во јавноста поради своето однесување на квалификацискиот меч на Австралија опен против Дмитриј Попка.
Елиот Бенхетрит обезбеди пласман во првото коло на грен слем тутнирот, каде ќе игра против јапонскиот тенисер Јуичи Сугита. Но, овој тенисер кој се наоѓа на 231-то место на АТП листата, стана еден од најомразените личности во јавноста поради потегот кој го имаше на натпреварот против Попка.
Имено, Бенхетрит за време на натпреварот, додека одмараше меѓу гемовите, ја замоли девојката која ги подава топчињата да му излупи банана. Но, судијата Џон Блум го слушна тоа и веднаш реагираше.
Судијата му нареди на младото девојче да се врати на работа, бидејќи тоа не е нејзина обврска.
So this is the moment where Elliot Benchetrit asks the ballkid to peel his banana. I’m glad the umpire (John Blom) stepped in and told him off. pic.twitter.com/TK1GET68pG
— Alex Theodoridis (@AlexTheodorid1s) January 19, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.