Директорот на Македонската Кошаркарска Федерација, Владимир Темелковски, со нов пост на социјалните мрежи потенцираше дека ставот искажан вчера за напуштањето на Стојанче Стоилов на манифестацијата „Спортист на годината“ е негово лично видување што не треба да се толкува како став на МКФ.

Тој посочува дека има високо мислење за Стоилов, но и дека очекува сите врвни спортисти да се издигнат над политичките случувања.

„Вчерашниот мој пост е мој личен став, а не став на Мкф или на партија. Ракометарите и Столе се моја слабост и пасија и се радував и ќе се радувам на секој нивен успех и тоа никогаш нема да се промени. Она што ми пречеше е фактот што спортот и спортистите мора да се над политиката и национализмот и за неа не треба да има место во спортот. Сметам дека вчерашниот настан негативно ја засени одличната организација на АМС, а особено ги засени добитниците и спортистот на годината Емил. Затоа и беше мојата реакција дека што и ние да чуствуваме и за што и да се залагаме лично и приватно не смее да ја засени спортската игра и спортските резултати и успеси и да направи раздор помеѓу спортистите. Криво ми е само што нашите ставови и реакции послужија за полнење на порталите наместо тоа место и приоритет да им припадне на Спортските добитници кој што целата година работат и се мачат за таа привилегија и успех“ – напиша Темелковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.