Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, искажа тешки зборови за организаторите на Вимблдон, во однос на тоа што се случуваше на овогодинешното издание на најпознатиот турнир на светот.

Популарниот Ноле славеше во финалето победувајќи го Италијанецот Матео Беретини, но до триумфот на дојде без неговите родители да бидат во можност да го бодрат од трибините.

Тие не добија дозвола да присуствуваат на трибините на Вимблдон пред претходно да бидат во карантин, нешто што го предизвика гневот на таткото на Новак.

Мојата сопруга и јас сакавме да одиме на Вимблдон да го гледаме Новак, но не ни дозволија. Овие ужасни луѓе не ни дозволија да го гледаме сопствениот син и ни бараа да поминеме една недел во карантин иако на трибините имаше 15.000 или 16.000 луѓе. То нема никогаш да им го забаравам – вели Срѓан.

Тој истакнува дека неговото присуство на мечевите на неговиот син, му помага на Новак во настапите.

Кога сум со Новак, влијаам на луѓето вонеговото опкружување да се однесуваат како мене. Но, кога не сум таму, нивниот однос е малку поинаков – вели Срѓан Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.