Хокеарите на Тампа беј лајтнинг, во петтиот натпревар од финалето на НХЛ лигата го совладаа Монтреал канејдиенс со 1:0 и со резултат 4-1 во победи го освоија шампионскиот трофеј – Стенли купот.
Ова е трета шампионска титула во историјата на клубот. Претходно, „молњите“ станаа во 2004 и 2020 година.
Тампа е вториот тим што го освоил Стенли купот двапати по ред откако е потпишан колективниот договор за ограничување на платите во лигата (од сезоната 2005/06). Претходно, тоа му успеа на Питсбург (2016 и 2017 година).
На патот до трофејот, Тампа ги победи Флорида пантерс (4-2 во победи), Каролина хурикејнс (4-1) и Њујорк Ајлендерс (4-3).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.