Светскиот шампион во УФЦ, пердув-категорија, Александар Велики Волкановски, зборува за своето македонско потекло во емисијата „Original Ballers“.

Австралискиот ММА борец Волкановски, кој е роден и пораснат во Австралија, по татко е Македонец. Неговиот татко е роден во селото Беранци, а мајка му има потекло од Егејска Македонија.

Неговите почетоци во борењето се случиле кога имал само 12 години, а две години подоцна се откажал и тргнал да гради кариера во рагби, што е доста популарен спорт во Австријалија.

ММА тренинзите ги започнал на 22 години, поточно во 2012 година, а неговите одлични настапи на домашно тло го привлекоa вниманието на Дана Вајт, претседателот на УФЦ. Досегашниот скор во октагонот за Волкановски гласи 21 победа и само еден пораз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.