Американскиот пливач Кејлеб Дресел го освои своето трето злато на Олимписките игри во Токио, а второ во поединечна конкуренција, триумфирајќи во трката на 100 метри пеперутка со време на нов светски рекорд (49:45 секунди).

Сребрениот медал во истата дисциплина го освои Унгарецот Криштоф Милак, кој пак, трката ја заврши со нов европски рекорд (49:68), додека бронзата му припадна на Ноа Понти од Швајцарија.

Претпоследниот ден на пливачките натпреварувања на Олимписките Игри донесе уште еден светски рекорд, а тој оди на градите на мешаната штафетата на Велика Британија во трката на 4×100 метри мешано.

Британската штафета во состав Кејтлин Доусон, Адам Пити, Џејмс Гај и Ана Хопкин ја исплива трката со време од 3:37.58 минути и за 83 стотинки го подобри досегашниот рекорд на кинеската штафета. Среброто и припадна на Кина, додека бронзениот медал го освои австралиската штафета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.