Светската шампионка на 800 метри од Пекинг во 2015година, Белорусинката Марина Арзамасова е суспендирана на четири години поради допинг. Арзамасова е казнета од Агенцијата за заштита на интегритетот на атлетиката (AIU).

Во јули минатата година на Белорусинката во крвта и било утврдено присуство на супстанцијата лигандрол, која се користи за раст на мускулите и се наоѓа на списокот на забранети супстанции на Светската антидопинг агенција.

Пред да ја освои светската титула во Пекинг, Арзамосова година дена претходно стана и европска шампионка на 800 метри во Цирих.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.