Светската шампионка во пливање Унгарката Богларка Капаш, е уште една во низата спортисти заразени со коронавирусот. Таа соопшти дека била позитивна на вирусот, а тоа го дознала откако и бил направен вториот тест.

Унгарката одлучила да тргне на ттенинзи за продолжување на сезоната и затоа морала да направи тестирање за Ковид 19 . Првото тестирање не покажало дека има корона, но затоа вториот тест покажал дека била позитивна.

-За среќа немам симптоми и затоа многу е важно да занете дека иако се чувствувате потполно здраво може да го ширите вирусот, предупреди унгарската пливачка.
Унгарската агенција МТИ јавува дека Капаш ја заразила и целата унгарска пливачка репрезентација.

МТИ ги објави имињата на уште тројца пливачи кои се позитивни на Ковид-19, бронзените од Светското првенство, Доминик Козма и Рихард Бохус како и европскиот вицешампион Давид Хорвад, а имињата на останатите пет пливачи не се објавени.
Исто така заразени се и уште десет тренери и членови на стручниот штаб на унгарската пливачка репрезентација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.