Дваесет и двегодишната сурферка Катерина Дијаз од Ел Салвадор, загина по удар од гром, кој ја усмртил додека тренирала во близина на својот дом во Ел Тунко. Громот ја погодил кратко откако влегла во водата. Иако спасувачите реагирале брзо, не успеале да ја оживеат.

Дијаз се подготвуваше за Светскиот сурферски турнир кој ќе се одржи овој мај во Ел Салвадор. Победниците од овој натпревар влегуваат во квалификациите за Олимписките игри, а Дијаз како најпозната сурферка во земјата беше фаворит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.