Стрелачот Бојан Бранковски е третиот учесник на Летните олимписки игри во Токио, објави Македонскиот олимписки комитет. Скопјанецот е член на клубот „Стрелец“ од Скопје, а ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Натпреварот во кој тој ќе учествува е на програмата на Олимписките игри на 24 јули.

Бранковски (24) доби вајлд карта за учество од страна на МОК, по завршеното Европско првенство во стрелаштво, што се одржа пред една недела во Осијек. Изборот да се најде на листата на патници за Токио, бил како најдоброрангиран македонски стрелец, според постигнатите резултати.

Претходно со обезбедена виза според пласман имаат Дејан Георгиевски, таеквондо, и борачот Могамедгаџи Нуров. Спортската јавност ја очекува и разврската од квалификациите во карате, кој ќе се одржи во Париз, од 11 до 13 јуни, а Емил Павлов брка учество на ОИ во Токио. Летните Олимписки игри треба да се одржат од 23 јули до 8 август годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.