Поранешниот репрезентативец на Шведска, Фредрик Ларсон го загуби животот во сообраќајна несреќа, информираше ракометната федерација на „Трите круни“.

Ларсон додека возел велосипед бил удрен од камион и веднаш починал на самото место.

Дресот на репрезентацијата на Шведска го носеше на едно ЕП и СП, за „Трите круни“ запиша 36 настапи, постигна 52 гола.

Во клупската кариера играше за Шевде, Хамарби, Истад, Савехоф и Алингсас. Во странство настапувашеза шпанскиот Арагон и бундеслигашот Гумерсбах, кариерата ја заврши пред четири години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.