Ја нарекуваат македонската Ким Кардашијан, има задник од кој што боли глава, на Инстаграм е една од најследените и најкоментирани девојки.

Во моментов живее на релација Љубљана – Скопје – Велес, а нејзиното име е Ана Стојанова. Таа е единствениот фитнес тренер кај нас кој работи исклучиво онлајн со своите клиенти.

На Инстаграм има над 40 илјади следбеници кои секојдневно ги чести со провокативни фотографии. Зависна е од социјалната мжреа, вели дека отвора очи и отвора Инстаграм. Вели дека некогаш кога ќе стане од спиење, плаче, брои прегледи, импресии, но тоа е нејзиниот живот и е свесна колку им влијае на сите.

Сепак, не сака д ја споредуваат со американската старлета Ким Кардашијан, зашто освен што е светски позната, Ким има потрошено илјадници долари за да изгелда како што изгледа Ана природно.

View this post on Instagram

#monslay Само запомни дека ти си таа која што е задолжена за својот живот и можеш да направиш се што ќе замислиш! . . Потруди се да надвладееш со твоите мисли, научи да си кажеш сама на себе ДОСТА ПРЕКИНИ кога ќе се сетиш дека навлегуваш длабоко во лоши мисли. . . . Постави си ЦЕЛ и радувај се на секој мал успех додека стигнеш до нејзе. . . . Целта Е БИТНА, ама патот до нејзе го прави патувањето уште позабавно. . . Се сложувате?! . . . #тренирај #доминирај #мотивирајме

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova) on

Ана открива дека има момче кое ѝ помага во работата. Нејзиниот партнер нема проблем со голотијата што им ја сервира на следбениците, напротив, максимално ја поддржува и неретко токму тој стои зад објективот додека позира облечена во танга и секси долна облека.

View this post on Instagram

⚠️ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КИЛАЖА Е ИСТО ТЕШКО КАКО И НАМАЛУВАЊЕ👇👇👇 . . . Денес зборуваме за Peach Plan, програмата за зголемување на мускулна маса. . . Ќе се изненадите кога би дознале колку пораки дневно добивам од девојки кои одвај накачуваат кило до две. Соочени се со голем и сериозен проблем, пробуваат да успеат со помош на лекарства, брза храна и нешто што може многу да наштети на нивното здравје, а сепак да не постигнат никаков ефект. . . Со помош на програмата за мускулна маса вие ќе имате можност на здрав начин и исклучиво преку храна и вежби да успеете во тоа. . . Повеќе информации за програмата на www.anastojanova.com или во ДМ . . 25% попуст на сите програми до 14.03🍑

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova) on

Кога ќе види дека паднале импресиите, ми вика ставај фотки со танги, кој ќе ти го крене Инстаграмот, искрена е Ана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.