Шампионот Бошко Стаменковски вечерва постигна уште еден огромен успех на Светското првенство во пауер-лифтинг кое се одржува во Атланта, САД.
Македонскиот претставник од Македонска Каменица освои златен медал во дисциплината бенч-прес, во категоријата М2, за натпреварувачи под 75 килограми, со што повторно застана највисоко на пиедесталот, како единствен претставник од Македонија.
Како што изјави Стаменковски по завршувањето на својот настап, подигнатата тежина претставува негов личен, но и нов европски рекорд.
Со подигнати 140 килограми, го подобрив рекордот кој го поставив пред неколку месеци на Европското првенство што се одржа во Украина, на кое подигнав 137,5 килограми. Ова воедно е и личен мој рекорд, остварен на било кое првенство на кое сум настапувал досега, изјави кратко по натпреварот Стаменковски.
Упати благодарност до сите кои го поддржале за настап на овој шампионат.
Доделувањето на медалите е закажано за вечерва по американско време, по што шампионот од Македонска Каменица се враќа во државата.
За Стаменковски ова е втор освоен златен медал и освоена титула Светски шампион во САД, по златото во пауер-лифтинг што го освои во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.