Одбојкарките на Србија третпат едноподруго се европски шампионки. Во драматичното финале во спектакуларната атмосфера во Анкара, Србинките ја совладаа селекцијата на Турција со 3-2 во сетови.
Петтиот сет беше исклучително драматичен. Во него Турчинките влегоа доминантно, а потоа следуваа неколку пресврти, а Србинките ја искористија втората меч топка за 15-13 и голем триумф.
Претходно, Турција го доби првиот сет со 25-21, потоа следуваа два сета кои им припаднаа на Србинките со идентични 25-21. Турција го одведе мечот во решавачки петти сет добивајќи го четвртиот сет со 25-22.
Претходно во мечот за третото место, Италија ја победи Полска со 3-0 во сетови и ја освои бронзата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.