Српската ватерполо репрезентација, во олимпиското полуфинале, во драматичен натпревар, славеше против Шпанија со 10:9 и ќе го брани златниот олимписки медал освоен на Игрите во Рио де Жанеиро.

За место во финалето во Токио, српските ватерполисти се изборија во самиот финиш, кога во последната минута постигнаа два гола со што предноста на Шпанците од 9:8 ја претворија во триумфални 10:9.

За повторување на златниот медал, Србите ќе играат против Грција в недела. Финалнито меч е закажан со почеток во 9.30 часот по средноевропско време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.