Дамир Микец го освои второто место во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри и на Србија и го донесе првиот медал на Олимписките игри.

Микец го освои сребрениот медал на натпреварувањето во кое победи Џавада Форуги од Иран со 244,8 кругови со што постави нов олимписки рекорд. Трет беше Кинезот Веи Панг.

Уште не сум свесен за успехот кој го направив. Веќе долго време сакам да ги комплетирам сите медали, олимпискиот беше тој кој ми недостасуваше – изјави Микец.

Во ова натпреварување учествуваше и нашиот Борјан Бранковски кој го освои 21. место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.