Одбојкарската репрезентација на Србија синоќа ја совлада домашната и фаворизирана Франција со 3-2 (по сетови 23-25, 25-23, 25-21, 17-25, 15-7) во полуфиналето на Европското првенство во одбојка и си закажа финале против сензацијата Словенија.
Србите и Словенците беа аутсајдери на хартија во полуфиналните двобои, но со победите над Франција, односно Полска, заслужија да играат во големото финале. Србија синоќа најде сили да се бори и против 15-илјадната публика во Париз, па во решавачкиот петти сет имаа повеќе концентрација од домаќините.
Пред две години, имаше финале Србија – Словенија на Европско првенство во кошарка, а сега овие две екс-југословенски земји, ќе играат финале и во одбојка кое е закажано за во недела од 17.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.