Американската глумица, Шејлин Вудли, која е најпозната по љубовната драма „Ѕвездите се виновни“ и „Различна“, е во врска со ѕвездата на американскиот фудбал, Арон Роџерс.

Тоа е прилично ново. Којзнае колку сериозно може да стане! – вели неименуван извор за „E њуз“ магазинот.

Од магазинот додаваат дека Роџерс и Вудли ја одржуваат врската на далечина и не сакаат премногу да ја експонираат во јавноста.

Роџерс (38) претходно беше во врска со автомобилистката Даника Патрик. Тие двајца се разделија изминатово лето по две години врска. Пред тоа, Роџерс три години се гледаше и со глумицата Оливија Мун.

Вудли пак, во 2018 беше поврзувана со рагбистот, Бен Волавола. Сепак, во април минатата година таа изјави дека „сака да биде сингл некое време“.

Следни филмови каде што ќе глуми Вудли се драмите „Мавританец“ и „Последното писмо од твојот љубен“, додека Роџерс во моментов одмора откако пред две недели неговиот клуб, Грин Беј пекерс, загуби во конференциското гинале од Тампа Беј баканирс и не успеа да се пласира во Суперболот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.