Најголем дел од спортските сали кои во изминативе месеци беа користени како пунктови за масовна вакцинација од почетокот на следниот месец ќе им бидат вратени на – спортистите.
Тоа првенствено се однесува на салата „Борис Трајковски“ во Скопје и на „Билјанини извори“ во Охрид, кои од 1 август односно од понеделник ќе може да ги отворат вратите за спортските колективи кои ќе почнат со подготовките за новата сезона. Дел од останатите спортски објекти и понатаму ќе бидат користени за имунизација, велат од Министерството за здравство, без да се прецизира на кои се мисли.
Користењето на салите за вакцинација донесе проблеми за дел од клубовите во финишот од минатата сезона, а некако најголем проблем имаше кошаркарскиот прволигаш Еуро Никел, кој до вицешампионската круна дојде со играње во Гевгелија наместо дома во Кавдарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.