На деветиот натпреврувачки ден на ЛОИ во Токио го бележиме настапот на настапи македонскиот атлетичар Јован Стојоски. Стојоски настапи во квалификациите на 400 метри и тоа во четвртата квалификациска група, во која истрча време од 46.81 секунда што е за една стотинка подобро од неговото најдобро време.

Охриѓанецот кој беше претпоследен во својата група, на крајот заврши како 38.мо рангиран од вкупно 48 атлетичари.

До крајот на олимпијадата од македонските спортисти ќе настапат уште двајца и тоа каратистката Пулексенија Јованоска која се натпреварува во кати ќе излезе на татамите на (05 август – четврток, 03:00 часот)ж

Ден подоцна (06.август – петок) борачот Магомедгаџи Нуров (97кг) ќе го започне својот настап во обид на Македонија да и го донесе вториот медал од оваа олимпијада, откако Дејан Ѓеорѓиевски во таеквондо освои сребро



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.