Директорот на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Токио, 48-годишниот Кентаро Кобајаши, доби отказ поради зборови искажани во минатото. На Интернет се појави видео-снимка од неговиот говор во 1998 година, по што изби скандал.

Кобајаши наводно пред неколку години се шегувал во врска со холокаустот, а таа шега повторно станала актуелна пред почетокот на ОИ во Токио.

Длабоко им се извинувам на сите поради предизвиканите проблеми, кажа Сеико Хашимото, која е на чело организацискиот одбор на ОИ.

Исто така, цела делегација на Гвинеја се откажа од ЛОИ поради здравствената ситуација во Јапонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.