Словенецот Тадеј Погачар е победникот на годинашното издание на Тур д Франс. Со триумфот на најпознатата велосипедска трка во светот, 21-годишниот Погачар стана најмладиот победник на трката од 1904 година.

Целото годинешно издание на трката беше во знакот на Словенците, со оглед на тоа што се до вчера, жолтата маичка беше на грбот на друг Словенец, Примож Рогалиќ. Тој две недели доминираше на трката, но неговиот помлад сонародник вчера го победи и му ги скрати надежите за победа.

На последната финална етапа на најголемата велосипедска трка во светот -Тур де Франс победник е Сем Бенет, кој беше најбрз во завршниот спринт на Елисејските полиња.

Тадеј Погачар не е почетник. Беше четврти на Трката на Словенија со 19 години, а ја освои Трката во Калифорнија следната година. Минатиот август, тој заврши на четвртото место на Критериумот на Дофине.

На ова издание на Тур де Франс, тој веќе се истакна во планинските етапи: во Ларунс, на Пиринеите, каде ја освои 9. етапа. Во оваа прилика тој го сруши рекордот за искачување на преминот Де Пеисурд. Во Јура, тој блескаше на Гранд Колумбие. И, конечно, оваа сабота, во Вогезите, понуди импресивен хронометар помеѓу Лур и Планш де Бел Фиј, соборувајќи го рекордот за искачување на преминот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.