Словенецот Тадеј Погачар и официјално по втор пат е убедлив победник на најпознатата велосипедска трка во светот, Тур де Франс, по денешната, за него формална етапа на Елисејските полиња.
Во финалниот пласман Погачар заврши пред Данецот Јонас Вингегард и Еквадорецот Ричард Карапаз, кои за првпат се најдоа на подиумот на Трката околу Франција.
Разликата меѓу двајцата првопласирани, е над на пет минути, што е најголема разлика од 2014 година наваму.
Словенечкиот велосипедист на својата држава и го донесе вториот трофеј во 108 изданија на престижниот Тур де Франс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.