Скопскиот ателтски маратон оваа година ќе се одржи во два дена, на втори и трети октомври, соопшти организаторот, Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетскиот клуб Работнички од Скопје, а е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Во сабота, на втори октомври ќе се трча трката на 5 километри, со старт од 17 часот, а во недела, на 3. октомври, ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт, со почеток во 8 часот.

Подигањето на стартните пакети ќе биде од 30. септември до 2. октомври, во период од 12:00 часот до 19:00 часот, пред главниот влез на салата „Борис Трајковски“, а при подигањето учесниците над 18 години задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина, потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена или потврда за негативен ПЦР КОВИД тест направен во последните 72 часа пред одржување на трката.

Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со што ќе биде задолжително одржување дистанца од 1,5 метри, носење маска пред и по завршувањето на трката, како и постојана дезинфекција на рацете.

Оваа година, исто како и претходните, Виз Ер Скопски Маратон ќе биде домаќин на најдобрите македонски маратонци, кои ќе трчаат на Државното превенство во маратон, кое Атлетската Федерација на Македонија го организира во склоп на овогодинешниот маратон.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.