По двете успешни трки оваа година, HalkEco Хронометар и Авицена Женска трка, кои што се одржаа под целосна спортска дисциплина и каде што натпреварувачите во целост ги испочитуваа протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, време е за највеселиот маратон кој што се одржува веќе 16 години во Македонија. Виз Ер Скопски маратон 2020 ќе се одржи на 4-ти октомври под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Како и секоја година, организаторите на трката и оваа година имаат потреба од волонтери. Организаторите веруваат дека волонтерите имаат клучна улога во успешното организирање и реализирање на трките низ годините и без нив Виз Ер Скопски маратон нема да биде целосен.
Секој кој сака да се пријави како волонтер и со тоа да учествува во организирањето и спроведувањето на најпознатиот спортски настан во нашата држава, тоа може да го направи со пополнување на онлајн формулар кој што е поставен на официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон. Краен рок за пријавување на волонтерите е до 25 септември 2020 година, односно до пополнување на бројката која е потребна за волонтери.
Можност за учество имаат лицата кои се постари од 16 години и исполнуваат одредени услови, кои се наведени во самиот формулар. Секој волонтер кој што ќе учествува во реализирање на настанот ќе добие маица, вода, храна и сертификат за волонтирање на Виз Ер Скопски маратон 2020. Согласно, ситуацијата предизвикана од корона кризата, волонтерите кои ќе се пријават за учество на маратонот, мора задолжително да носат маска и да ги почитуваат сите протоколи.
Секој кој што сака да се пријави за волонтирање истото може да го направи со пополнување на формуларот на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/volonteri?fbclid=IwAR1-A9X6t7ym8rz-c0Ce530KxXKMb0aQ38508fKj6jxJeOSoZaOwnd5SEHs
Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги повикуваат волонтерите да се пријават за да може уште еднаш да се докаже дека и во услови на пандемија може да се организира спортски настан по светски стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.