Синот на легендарниот Михаел Шумахер викендов може да се најде зад болидот на Ферари на 1000-та трка за италијанскиот тим, пренесува британски Мирор.

Големата награда на Тоскана се вози на патеката Муџело овој викенд, а Мик Шумахер би можел да го вози болидот на Ферари за време на првиот слободен тренинг во петок.

Имајќи предвид дека се далеку од конкуренцијата во Ферари оваа сезона, тие размислуваат да му дадат шанса на синот на седумкратниот шампион во Формула 1.

Сепак, сè уште не е сигурно дека Мик ќе седи во болидот на Ферари, но други опции се екипите на Алфа Ромео и Хас кои користат мотори од италијанскиот производител.

Во сабота и недела, Мик ќе се натпреварува во Ф2. Минатиот викенд победи на една од двете трки и секогаш е во борба за титулата.

Во секој случај, во Тоскана би можеле да бидеме сведоци на еден вистински историски момент, односно враќањето на Шумахер во болидот во Формула 1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.