Британскиот боксер Ентони Џошуа (веќе 23-1, 21 КО) си ги врати титулите во тешка категорија, откако го совлада Американецот Енди Руиз (веќе 33-2, 22 КО) во реваншот меѓу двајцата.
Ремените на Светската боксерска асоцијација (ВБА), Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Светската боксерска организација (ВБО) и Меѓународната боксерска организација (ИБО) останаа во сопственост на Руиз само 6 месеци откако во јуни го нокаутираше Џошуа.
Половина година подоцна, Џошуа (30) покажа многу поразновидна борба, го промени своето однесување и заслужено победи, иако не го нокаутираше Мексиканецот.
Британскиот боксер забележа исклучително техничка и претежно тактичка победа над поранешниот шампион Енди Руиз во 12 рунди и победи со едногласна одлука на судиите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.