Тенисерката од Кина, Шуаи Пенг, ја шокираше јавноста со изјава дека била силувана од страна на поранешниот вицепремиер на Кина, Женг Гаоли.

Тенисерка го изнесе своето обвинение на друштвената мрежа „Веибо“, а многу кусо потоа истото беше симнато. За се да биде уште почудно на „Гугл“, доколку се напише името на оваа девојка нема да добиете ништо конкретно, бидејќи има поставено ограничувања. Воедно ова е прво вакво обвинение на сметка на еден високо позициониран политичар.

Женг (75) беше заменик-претседател на Владата од 2013 до 2018 година и истовремено беше близок соработник на моменталниот претседател на Кина, Си Џинпинг.

Но, многумина успеаја да видат што напиша тенисерката во објавата, во која објасни што се се случувало и како Женг ја силувал. Тој првпат ја нападнал кога дошла во неговиот дом и тоа за да игра тенис.

Тој понеделник не дадов согласност и не можев да престанам да плачам. Ме донесе во својата куќа и ме натера да имаме односи. Нема докази и беше невозможно да ги направам. Секогаш се плашеше дека ќе го снимам. Немам аудиозапис, само моето лошо искуство – напиша тенисерката во објавата која многу брзо беше тргната од друштвената мрежа.

Оваа тенисерка го шокираше светот и во 2014 година кога на УС Опен поради големи болки мораше да биде изнесена од теренот во инвалидска количка, по што Каролине Вознијацки од Данска помина во финалето со резултат 7:6, 4:3, по предавањето на мечот од страна на кинеската тенесирка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.