Документарен филм прикажан во чест на поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, покажува дека неговата прва средба со сопругата Ана Ивановиќ, не поминала најдобро.
Не, благодарам, јас сум среќно вљубен – ѝ рекол Германецот, кој во тоа време бил во седумгодишна врска со манекенката од Минхен, Сара Бранднер.
Сепак, иако германската јавност ја исчекувала нивната венчавка, тие раскинале во 2014 година, а причината била подоцна откриена – и покрај лошата прва средба, Швајнштајгер и српската тенисерка со време се вљубија, а својата љубов ја крунисаа и со брак во 2016 година.
View this post on Instagram
А, како всушност се запознале Ана и Бастијан, за германскиот „Билд“, открива тренерот на кошаркаркарската екипа на Баерн Минхен, Светислав Пешиќ.
Мојот пријател Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во емотивна врска, а ги запозна мојата ќерка Ивана. Нека се сакаат децата и нека се држат за рака – вели Пешиќ.
По тајната свршувачка следуваше прекрасна венчавка во Венеција, на 12 јули 2016 година, а свадбената церемонија ја проследија над 200 медиуми од целиот свет.
Во март 2018 година Ана и Бастијан го добија синот Лука, а во август 2019 година и вториот син Леон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.