Според протоколот на Вимблдон Новак Ѓоковиќ имал и кратка средба со претставниците на кралското семејство, а меѓу нив била и Кејт Мидлтон, која имала обврска да поразговара со победникот.
„Браво, убаво е да ве видиме како повторно играте“, почнала војвотката.
„И мене ми е драго што ве гледам“, возвратил Ноле.
„Оваа година беше особено тешко поради тоа што вашето семејство не беше тука со вас и вашиот тим беше ограничен на неколку луѓе“, продолжила војвотката.
„Да, се обидувате да го извлечете максимумот од ситуацијата, но мислам дека денес сите тука сме благодарни што можеме да играме и што сме најјакиот турнир на светот“, одговорил Ноле.
„А, тука е и прекрасната публика исто така“, низ насмевка изјавила Кејт.
„Дали вие играте тенис?“, ја прашал Ѓоковиќ.
„Секојпат кога ќе земам тениска опрема, децата се тука и сакаат да ми се придружат, а тоа е навистина прекрасно“, одговорила војвотката.
„Тоа е прекрасно. Сè најдобро на вашето семејство. Многу, многу ви благодарам“, завршил Ноле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.