Шпанската тенисерка Паула Бадоса колабираше поради топлотен удар што беше причина да не го доигра четврт-финалниот меч на Олимписките игри во Токио.
Бадоса, која играше против тенисерката од Чешката Република, Маркета Вондрушова, го загуби првиот сет со 6:3, но по паузата меѓу сетовите не можеше да стане од столчето.
Таа дури не можеше ниту сама да го напушти теренот, по што беше изнесена во инвалидска количка.
Поради несреќната ситуација, Бадоса го откажа настапот и на дуелот во мешани двојки, што беше закажан за денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.