Србија е шок. Светскиот рекет број 1 има корона вирус. Јунакот на нацијата Новак Ѓоковиќ е позитивен откако му беше направен тест. Не се знае дали вирусот го добил во Белград или во Задар каде учествуваше на Адрија турнирот.

Заразена е и неговата сопруга Јелена додека децата се негативни.

-Многу ми е жал за секој случај. Имавме најдобри намери со турнирот и сакавме да им помогнене на сите тенисери да имаат приходи во овие услови. Јас ќе останам во излолација 14 денови и ќе го поврторам тестот за пет дена-вели Ноле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.