Шефови на 15 држави и меѓународни организации се најавени за присуство на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио.

Ова го соопшти генералниот секретар на јапонскиот кабинет на министри Кацунобу Като на прес-конференција.

Досега очекуваме посета на шефови на 15 земји и меѓународни организации, како и министри за спорт од 70 земји во светот, соопшти Като.

Свеченото отворање на Олимписките игри во Токио ќе се одржи в петок (23 јули).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.